Рускиот заменик министер за финансии Сергеј Сторчак во телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, дал предлог Грција да стане шестиот учесник во банката за развој на БРИКС.
Во соопштението на грчкото Министерство за финансии се вели дека за време на разговорот со премиерот Ципрас, рускиот заменик министер Сторчак ја поканил Грција да стане шестиот учесник во банката за развој, во која се застапени Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.
Грчкиот премиер се заблагодарил и изјавил дека детално ќе го проучи предлогот и ќе го разгледа со лидерите на земјите од групата БРИКС на меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, што ќе се одржи од 18 до 20 јуни.