27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов ветерен парк тежок 500 милиони евра помеѓу Штип, Радовиш и Крабинци!

Нов ветерен парк тежок 500 милиони евра помеѓу Штип, Радовиш и Крабинци!

Прв економски проект на новата влада ќе биде странска инвестиција во енергетскиот сектор. Станува збор за ветерен парк кој ќе се гради на тромеѓето на Штип – Радови- Карбинци. Целокупната инсталирана моќност ќе биде еден терават, односно ќе произведува еден милион мегават часови електрична енергија. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека инвестицијата може да достигне до 500 милиони евра. Според информациите, во првите 100 дена новата влада ќе потпише уште еден нов договор со друг странски инвеститор.

Општините Штип, Радовиш и Крабинци ја имаат подготвено и обезбедено целокупната документација која е неопходна за старт на градежните работи за изградба на нов ветерен парк во овој дел на Македонија. До крајот на првиот месец од мандатот на новата влада овој проект ќе биде официјализиран на хартија, односно ќе биде потпишан помеѓу странскиот инвеститор и македонската влада. Засега не се знае колку време ќе му биде потребно на странскиот бизнисмен да го изгради ветерниот парк, но таа информација ќе биде набрзо обелоденета. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека подготвуваат нов концепт за привлекување на компании со странски капитал.

„Странските инвестиции во иднина ќе се привлекуваат со компетентни луѓе кои ќе бидат во институции надлежни за таа работа. Ќе се воведе регулатива која што ќе биде на некој начин пријателска за тие кои што ќе решат да нвестираат во нашата држава. Со една соодветна транспарентност на институциите и адреса каде ќе може да се обратат и да не заглавуваат во административните ходници. Успешниот бизнис модел, ако сме искрени, ни го копираат се уште многу држави од регионот. Но, сега имаме еконоски тим кој што имаат квалификации и знаење да го направат уште подобро, а доказ за тоа ќе биде ветерниот парк, односно странска директна инвестиција која ќе се движи помеѓу 400 и 500 милиони евра“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Планот на инверститорот е да произведува еден милион мегават часови електрична енергија а според пресметките тоа се околу 20 отсто од потрошувачката на електрична енергија на домаќинствата. Засега не се откриваат останатите детали кои ќе ги има во договорот, односно што добива Македонија од произведената струја или по која странскиот инвеститор ќе го купи државното земјиште каде што ќе ги гради ветерниците.

Претходно, Организацијата Македонија 2025 уште во предизборието објави дека на новата Влада ќе и понуди нов концепт на привлекување на странски инвестиции. Она пак што ќе биде новина кај новата влада е тоа што со реорганизацијата на министерствата и нивните надлежности, надворешната трговија на Македонија се сели од Министерството за економија кај Министерството за надворешни работи. На овој начин од владеачката партија сметаат дека ќе може дополнително да се подобрат резулататите во привлекувањето на странските инвестиции преку една економска дипломатија.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП