Денеска, на сцена Зебра, во 20 часот, ќе игра „Big gun“ танцова минијатура од Софија, Бугарија.
Big gun дава ироничен поглед на фигурата на мачомен и општо прифатената перцепција на мажественоста.Тематското јадро на оваа танцова минијатура е составено од неговиот надмен однос и парадирање со материјалната сопственост како симболи на социјалниот статус.
“Паунизирање” е термин од социјалната психологија со кој се опишува обидот да се привлече и освои припaдник на спротивниот пол, и да се “победи” остатокот од конкуренцијата со помош на материјални, визуелни и спектакуларни средства кои го демонстрираат социјалниот и финансискиот статус на поединецот.
Танцовата минијатура Big gun ja обработува сликата на маж кој го прифатил стереотипниот поглед на мажественоста. Неговата зависност од стереотипот се претвора во еден вид мутација – неговото тело се соединува со пиштол-протеза. Предводен од идејата за неговата “хипер-значајност” (BIG) и парадирајќи со неговите “неверојатни способности” (GUN), тој е со тенденција за фалење во јавност, со што го покренува прашањето “Што се случува кога е сам?”.
Big gun е дел од “tri3avisim” 2014 – долгорочна иницијатива на Здружението за современи сценски уметности со Унијата на уметници од Бугарија. “tri3avisim” 2014 е координиран од страна на Фондацијата за култура А25. Проектот е реализиран со поддршката на Министерството за култура на Бугарија во соработка со центарот за култура, театар Црвена Куќа (Red House) и Дерида танцовиот центар.