20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААстрономски цени само за кревет во Грција - туристите бесни, поплаки постојано...

Астрономски цени само за кревет во Грција – туристите бесни, поплаки постојано пристигнуваат

Цените за сместување во Грција отидоа до небо. Ова е општиот впечаток на граѓаните кои се во процес на барање соодветен аранжман за одмор во Грција. Годинава поскапувањето е забележливо на секој чекор во омилената земја на македонските туристи. Разликите се толку големи што дури и престојот на одредени дестинации чини помалку со сите авионски билети, па не е невообичаено да се откаже од планираното патување и да се бара место на друга морска локација, за да заштедат неколку евра.

Планирањето на летен одмор веќе некое време е главоболка. Заштедените пари треба паметно да се распределат, а прашање е дали има доволно во буџетот за туристите навистина да се одморат. Џебот е се поплиток за да се задоволат сите барања, кои уште од оваа сезона ги наметнуваат Грците. А големото прашање е дали ќе продолжи Грција да биде омилена меѓу нашите граѓани, земајќи ги предвид сите (не)поволности. Апартмани кои чинат колку полупансион во хотел на плажа, подруми со стар мебел кои се издаваат на туристи за безобразно високи цифри… Граѓаните оправдано се прашуваат дали има смисла да се плаќаат толку пари од „лојалност „ затоа што Грција долго време е дестинација број еден. И се потпира токму на – апартмани. Во однос на лани, сопствениците ги покачиле цените за 30 отсто.

-Годинава ни одговара да летуваме во едно од местата во рамките на Солунскиот регион. Не губевме време барајќи локации, но она што се нуди е многу скапо. Бев загрижен дека сепак летово ќе го прескокнеме одењето на плажа, кога почнав да барам сместување. Тоа што се нуди, во споредба со тоа што чини, е навистина безобразно. Становите се потпросечни за големи пари – ни се пожали Мартин од Скопје.

Според зборовите н нашиот соговорник, по неколкудневно истражување, случајно слушнал за новоотворен хотел недалеку од Ханиоти. Полупансионот ќе го плати поповолно отколку што неговото семејство би го чинело само спиење.

Оние граѓани кои би сакале да летуваат подоцна во сезоната треба да ги отворат очите и паметно да изберат. Судејќи според искуството на оние кои веќе се свесни за цените, подебел „стек“ треба да подготват само за ноќевања.

На пример, некои агенции нудат во екот на сезоната десетдневен аранжман, кој обезбедува превоз и спиење, за вртоглави 1.000 евра – за двајца! Дека понудата е разновидна сведочи уште еден пример за „недостапност“ за мнозинството граѓани, а за други „несоодветност“ – стан во подрум да се плаќа по баснословни цени! И тоа само на места поблиску до Македонија. Колку подлабоко се навлегува во Грција, толку цифрите стануваат повртоглави.

Зголемени се и таксите за престој од почетокот на годинава и тоа за околу 50 проценти. Најевтина и натаму е таксата за престој во апартмани, која досега изнесуваше 50 центи дневно, по сместувачка единица. Така, за десет дена одмор туристите ќе платат околу 15 евра повеќе од цената на сместувањето.

И хотелските услуги ќе поскапат за онолку колку што е таксата. Од хотел со две ѕвезди каде е три евра, до хотел со пет ѕвезди каде е 10 евра. За 10 дена тој трошок ќе биде од некои 30 до 100 евра во зависност од хотелот.

Паркирањето е голем проблем во одморалиштата низ цела Грција. Начинот на кој Грците се справуваат со непрописното оставање возила не ги заобиколува ниту туристите. Казната, која не е мала, може само да го уништи одморот. Сообраќајните полицајци одамна имаат легитимно право да одземаат регистарски таблички и нема индикации дека прописите ќе бидат ублажени.

Сегашната казна за непрописно паркирање во Грција е од 40 до 80 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП