Компанијата која управува со социјалната мрежа TikTok денеска објави дека во борбата против дезинформациите кои се зголемуваат на нејзината платформа, ќе започне со означување на содржината создадена со помош на вештачка интелигенција (AI).
Компанијата вели дека „AI овозможува неверојатни креативни можности, но може да ги збуни или заведе гледачите ако не знаат дека содржината е создадена со помош на вештачка интелигенција, па означувањето може да помогне да се спречи тоа да се случи, а веќе повеќе од една година ние“ бараме од креаторите на содржини да го сторат истото“.

