20 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНетанјаху: Ако треба да стоиме сами, ќе стоиме сами

Нетанјаху: Ако треба да стоиме сами, ќе стоиме сами

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел „ќе стои сам“ доколку мора да војува против Хамас, заканувајќи се со продлабочување на кризата во односите со Соединетите Американски Држави.

Откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД нема да обезбедат офанзивно оружје за израелскиот напад врз градот Рафах, јужниот дел на Газа, Нетанјаху ја повтори својата намера да изврши инвазија и покрај американското и широкото меѓународно противење и стравувањата за повеќе од еден милион палестински цивили кои се засолниле таму.

„Ако треба да стоиме сами, ќе стоиме сами“, рече Нетанјаху. „Ако треба ќе се бориме и со нокти. Но, ние имаме многу повеќе од нокти“, додаде израелскиот премиер, пренесува АП.

Претходно оваа недела, израелските сили влегоа во источното предградие Рафах и зазедоа клучен граничен премин.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави за новинарите дека Израел го има оружјето што му е потребно за операцијата во Рафах.

„Армијата има оружје за мисиите што ги планира, но и за мисијата во Рафах. Имаме се што ни треба“, одговори Хагари на прашањето дали Израел може да ја спроведе операцијата без американска воена помош.

Харгари рече дека односите на Израел со САД остануваат блиски и дека Израел ја почитува американската помош и дека сите несогласувања треба да се решаваат зад затворени врати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП