20 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.05.2024

Дневен хороскоп 09.05.2024

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе сакате да направите шест работи одеднаш, а тоа скапо ќе ве чини, бидејќи ниту една нема да биде точна. На рабтното место ќе добиете критики, а во домот ќе се појават расправии. Ова е неповолен период за истакнување, седете настрана.

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе се чувствувате удобно во своја кожа, а тоа е така бидејќи бележите успеси на повеќе полиња. Ова е поволен период за секакви активности. Во љубовта работите се менуваат на подобро, а тоа на вас ќе ви донесе дополнителна среќа. Овој ден за вас ќе биде уште еден успешно поминат ден.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Денес најверојатно ќе бидете малку нервозни, но сепак денот ќе биде еден просечен нормален ден во кој ништо посебно не се случува, па можеби тоа ќе ја создаде нервозата. Ќе имате потреба од забава, но работата ќе ви покаже дека е редно време да и се посветите посериозно.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе посакате некаде да отпатувате и да се осамите. Сами со себе да се договорите што ќе правите понатака и во приватниот и деловниот живот. Во љубовта ситуацијата е тешка, но може да се поправи.

Лав (23.07 – 22.08)

Ќе забележите одлични резултати на работен план, ќе ги завршите сите натрупани обврски и ќе најдете време дури да им помогнете и на колегите. Нешто кај вас поттикнува позитивни промени. Ќе бидете поканети на романтична вечера.

Девица (23.08 – 22.09)

Денешниот ден ќе ви донесе мали и ситни, но прекрасни моменти. Од денес се одлучивте нешто да промените во љубовта, а тоа нешто ќе ви донесе позитивни резултати. Поддршката во тешките мигови побарајте ја од партнерот и семејството.

Вага (23.09 – 22.10)

Ќе посакате сите обврски да ги завршите сами, но навистина ќе ви биде потребна помош за тоа. Побарајте помош од некој многу близок пријател, тој навистина нема да ве осуди за тоа. Ќе имате проблем и несогласување во семејството, редно време е да го промените однесувањето кон најблиските.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе се двоумите што прво да направите и кои обврски да ги завршите, но сепак свесни сте дека се треба да е завршено. Денес одложете го уживањето и одморот и посветете им се на обврските. Наскоро ќе бидете парично наградени за вашите залагања.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес ќе имате огромна среќа, па затоа пожелно е да играте некоја игра на среќа, најверојатно ќе добиете награда. Околината, поточно семејството ќе ви бидат поттик и подршка за да чекорите храбро во бурниот живот. Денес ќе слушнете некоја позитивна вест.

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес премногу ќе се израдувате на туѓата среќа, некој ваш пријател ќе добие нешто вредно, а вие ќе бидете многу радосни. Тоа ќе го зголеми вашето пријателство бидејќи вие како и секогаш ќе докажете дека мислите и на другите и не сте себични. Можна е кавга во семејството, згаснете го огнот, смирете ја ситуацијата.

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате се да биде по ваше, а сакате и вашето мислење да делува како најдобро. Тотално грешите и можно е само да си направите проблеми и на работа и дома. Прилично сте тврдоглави и чудни за околината. Пробајте да смените нешто на себе. Потезите во љубовта ви се очајни.

Риби (20.02 – 20.03)

На работното место блескате, речиси се ви е завршено и подготвено го чекате моментот некој да ве пофали. Во љубовниот живот е малку драматично, не можете да дознаете дали навистина ја сакате личноста со која сте заедно, се некако ви се чини дека врската нема смисла. Оние слободните не се во поволен период за нова љубов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП