Од „Hyundai“ пристигнаа индикации за тоа дека во компанијата сериозно размислуваат за производство на „pick-up“ возила.
Тоа е последица на добрата реакција на јавноста на коцептот „Santa Cruz“ кој компанијата го претстави на „NAIAS“ саемот за автомобили во Детроит.
Парк Бјунг-Чеол, директорот во „Hyundai“ на дивизијата за развој и истражување, меѓутоа напомена дека секогаш постојат одредени препреки „Santa Cruz“ да стане сериски модел, што значи дека за ваков модел ќе мораме да почекаме уште некое време.
Само за потсетување, концептот „Santa Cruz“ има 2.0-литарски турбо-дизел мотор со 190KS и 406 Nm вртежен момент, додека погонот е на сите четири тркала.