На едно просечно четиричлено семејство со две деца за пристоен живот во Франција му се потребни 3.284 евра месечно.
На самец, кој живее во социјален стан, потребни му се најмалку 1.424 евра месечно за пристоен живот во француски град со просечна големина, се наведува во најновиот извештај на нациoналната агенција за надзор на сиромаштијата.
Извештајот е работен врз основа на трогодишно истражување, а критериумите се земени на ниво на ЕУ. Пристоен живот подразбира можност да се купи просечна потрошувачка кошница, користење на дел на услуги, како и минимални услови за живот.
За семејство со две деца задолжителна е одделна соба за секое дете доколку се од различен пол и доколку разликата помеѓу нив е поголема од шест години, додека за пензионерите е неопходна дополнитена гостинска соба.
Семејство со деца, за да живее пристојно, треба да има половен автомобил, да биде во состојба да оди барем еднаш на одмор во траење од две недели, а пензионерите и самците да можат да одат на одмор од една недела, да бидат во состојба да платата за спортски и културни активности, да примаат гости и да купуваат подароци.