На Украина за подршка на економијата и се потребни и други странски кредити кои треба да бидат реализирани од различни извори, а не само од ММФ, вели Кристин Лагард.
Дополнителните средства треба да бидат привлечени за програмата за финансирање на економијата на Украина.
Продолжувањето на кофликтот на истокот на Украина ги зголеми потребите на земјата за надворешно финансирање, кое во април ММФ го процени на 30 милијарди долари.
Од таа сума, 17 милијарди долари одлучи да додели самиот ММФ, а останатите средства треба да ги дадат другите меѓународни финансиски институции и одделни земји.
Според Лагард, за да се одржи стабилноста и да се обнови економијата на Украина, „дополнителните пари треба да се привлечат од различни извори“.