Италијанскиот пaрламент усвои пакет мерки за овозможување на помош на проблематичната економија, како што се намалувањата на енергетските трошоци и мерките за поголемо кредитирање на компаниите.
Овој нов пакет мерки наиде на лош прием кај деловните лица, бидејќи според нивните оценки, во него недостасува јасна стратегија и не се занимава со решавање на реалните проблеми во земјата, пренесува Ројтерс.
Меѓу усвоените мерки се намалувањата на трошоците за енергија за мали и средни компании, даночни кредити за компаниите кои инвестираат во машинскиот сектор и нови прописи кои на кредитните фондови ќе им овозможат директно да им позајмуваат на компаниите.
Во мај, сепак, беше усвоена една од главните мерки на Ренци, а тоа е намалувањето на данокот на личен доход за 80 евра месечно за граѓаните со ниски приходи.
Италијанскиот премиер Матео Ренци е под се поголем притисок да преземе одлучни чекори за реорганизација на италијанската економија откако податоците оваа недела покажаа дека Италија повторно западна во рецесија.