Игор Ацески е најновиот добитник на премијата во Инстант лотаријата Твингоманија 2 – автомобил Рено Твинго. Инстант лозот Твингоманија 2, што го изгребал со неговите ќерки Марија и Магдалена, е купен од штандот на Државна лотарија на Македонија во тек на „Пивофест“ во Прилеп.
Досега има 18 добитници на автомобили со лозот Твингоманија 2 на Државна лотарија на Македонија, а во игра се уште 22. На располагање се и парични добивки од 500.000 до 40 денари.
Лозот е со цена од 40 денари, а беше пуштен во продажба на 30 јуни 2012 година.