На почетокот на годината од „Google“ објавија дека нивниот тим „Google X“ во своите лаборатории направиле паметни контактни леќи.
Станува збор за мали уреди кои се во состојба по пат на мали сензори да го мерат нивото на глукоза во солзите на тој што ги носи, а тоа ќе има за цел да им помогне на заболените од дијабетис во олесување на тој процес.
Сега „Google“ постигна договор со швајцарскиот производител на лекови, компанијата „Novartis“, според кој таа компанија во своите оптички лаборатории ќе продолжи да ја развива нивната иновација, т.е. на крајот и да ја комерцијализира.
Доколу успее во својата намера, „Novartis“ ќе стане водечка компанија на светскиот пазар на производи за мерење на нивото на глукоза во крвта, а потенцијално преку 380 милиони дијабетичари ширум светот повеќе немораат да земаат крв од прстот за да ја проверат својата здравствена состојба.