Трендот секој турнир од Гренд Слем да нуди рекорден награден фонд се почитува и за претстојниот „US Open“. Вкупниот износ што ќе го добијат сите учесници е 38.3 милиони долари – најголем во историјата на тенисот, се вели на официјалниот сајт на Отвореното првенство на САД.
Шампионите во сингл кај мажите и жените ќе добијат чек од 3 милиони долари (2.6 милиони во минатата сезона) или два пати поголем од тој во 2008-та година, кога шампиони тогаш станаа Серена Вилијамс и Роџер Федерер. Зголемувањето во однос на минатата година е 11,7% и речиси 65% за последните три години.
„Минатата сезона, признавајќи ја важноста на тенисерите и нивната клучна улога во промовирањето на нашиот спорт, од „USTA“ (САД тениска федерација) си поставивме за цел во 2017-та година вкупниот награден фонд да е 50 милиони долари. Овогодинешниот пораст е чекор кон исполнување на таа цел и трансформирање на „US Open“ во најскапоплатениот турнир во светот на спортот“, коментира Дејв Хагерти – претседателот на „USTA“.
Еве и како ќе биде распределен Наградниот фонд, во однос на турнирот во сингл кај мажите и жените (во заграда е бројката за минатата сезона):
Победник: 3 милиони долари (2.6 милиони)
Финалист: 1.45 милиони долари (1.3 милиони)
Полуфиналист: 730.000 долари (650.000)
Четвртфиналисти: 370.250 долари (325.000)
Осминафиналист: 187.300 долари (165.000)
Достигнување до трет круг: 105.090 долари (93.000)
Достигнување до втор круг: 60.420 долари (53.000)
Отпаѓање во прв круг: 35.754 долари (32.000)