Откако веќе го привлече Давид Луис за импресивната сума од 50 милиони фунти, францускиот шампион ПСЖ го насочува својот интерес кон друг дефанзивец на Челзи, Бранислав Ивановиќ.
Според „Дејли Меил“, „светците“ за 30-годишниот Србин се подготвени да понудат околу 15 милиони фунти.
Ивановиќ има договор со Челзи за уште две години, но практиката на „сините“ да им понудат продолжување на договорите на играчи над 30 години само на 12 месеци, може да го предомислат Србинот за неговото останување на „Стемфорд Бриџ“.
Како што информира „Дејли Меил“, дефанзивецот сака две дополнителни години да остане во Лондон, но онака реалните преговори помеѓу Челзи и Ивановиќ би започнале најрано во следното лето.
Сепак, ПСЖ нема да чека дотогаш, па клубот од Париз ќе го упати својот предлог уште сега, па со тоа уште повеќе да ја засили дефанзивната линија во тимот.