Социјалната мрежа за размена на фотографии изминатата половина година го зголеми членството за 50 милиони корисници, достигнувајќи неверојатни 200 милиони.
Интересен податок, исто така, претставува фактот дека на оваа платформа се наоѓаат над 20 милијарди фотографии.
Инстаграм се наоѓа во сопственост на социјалната мрежа Фејсбук, што ја купи за милијарда долари пред една година.
Бројката од 200 милиони се однесува на активни корисници, така што, потенцијалниот вкупен број на корисници е сигурно поголем.