Засега непознат Британец доби 107,9 милиони фунти на европската лотарија „Евромилион“, што претеставува четврта по висина премија освоена на игрите на среќа во британската историја.
Како што јави Би-Би-Си, добитната комбинација на лотатијата била 6, 24, 25, 27 и 30 и плус 5 и 9 како т.н. „броеви на среќната ѕвезда“.
„Евромилион“ е лотарија која покрај во Велика Британија се организира и во уште осум европски земји – Австрија, Белгија, Ирска, Луксембург, Португарлија, Франција, Швајцарија и Шпанија.
Досега рекордната добивка од 161 милион фунти ја освои брачната двојка од Шкотска, Кристин и колин Вир во јули 2011 година.