– Во Министерството за информатичко општество и администрација денеска ќе бидат промовирани компаниите регистрирани на националниот домен mk.
Со ова, како што информира ресорното Министерство, се обезбедува либерализација на пазарот на домени.
На настанот најавено е присуство на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и на директорот на Македонската академска истражувачка мрежа Сашо Димитријоски.