Популарниот американски доктор измислил ефикасен напиток кој придонесува во борбата со килограмите.
Доктор Оз на кој му верува цела Амрика, но и многу гледачи на неговата емисија од целиот свет, безброј пати ја пофалил моќта и благотворните дејства на зелениот чај, особено за чистење на организмот и одржување на виталноста. Затоа воопшто не е чудно што токму зелениот чај е главната состојка во овој напиток за слабеење кој го измисли овој популарен доктор.
Како што веќе напоменавме доктор Оз често истакнува како само една шоља зелен чај е доволна да направи чудо – го забрзува метаболизмот за 12 проценти, го регулира шеќерот во крвта, го намалува ризикот од срцев удар и разни видови на тумор, го зголемува имунитетот, но и расположението. Ако не го сакате вкусот на зелениот чај, вкусните додатоци како портокал или нане, ќе ви помогнат да го засакате овој напиток.
Состојки:
– 1л. вода
– 5 вреќички зелен чај
– 1 портокал
– една шака свежо нане
Подготовка:
Во еден литар врела вода додадете ги петте вреќички зелен чај. Оставете ги така околу 3 минути, па оставете ја течноста да се олади. Еден портокал исецкајте го на кришки, доколку портокалите се прскани, олупете ја кората но оставете го белиот дел од кората. Во течноста додадете го и свежото нане. Затворете го садот со подготвениот напиток и оставете го една ноќ да отстои за состојките добро да се соединат и консумирајте го напитокот наредниот ден. Половина литар од течноста е доволна за едно лице.
Доктор Оз препорачува една шоља од овој напиток пред секое јадење и ви ветува победа во битката со килограмите.