30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГледајте телевизија и вежбајте! Еве како...

Гледајте телевизија и вежбајте! Еве како…

exersi1

Ако сте од оние лица кои се мрзеливи по природа, и никако да почнете да вежбате, иако тоа ви е неопходно, имаме супер вест за вас. И гледањето телевизија можете да го претворите во вежба. Како? Земете го далечинскиот управувач и читајте.

1. Стиснете па опуштете

Ова можете да го правите со сите мускули, без притоа да станувате или да користите некои помагала. Се што треба да направите се неколку изометрични контракции, односно стискање па опуштање на мускулот. Стиснете го мускулот на задникот неколку секунди, па опуштете. Повторете ја постапката неколку пати.

2. Бицепс и трицепс, на кревет

Искористете го гледањето телевизија за кревање некое тегче. Нема да има потреба да станувате, ниту да ја прекинувате својата омилена серија. Кревајте тег од половина килограм, и држејќи го во раката свиткувајте ја подлактицата.

3. Мрдајте ги нозете

Додека седите на троседот, испружете ги потколениците подигнувајќи ги до нивото на колената. Задржете ги неколку секунди во таа положба, па спуштете. Повторете ја постапката по 15 пати на секоја нога.

4. Седнете на топка за вежбање

Наместо на тросед, седнете на топка за вежбање. Гледајте филм и правете вежби за нозе и стомак, а повремено и истегнете се. Доколку често го практикувате ова, набрзо ќе ви стане навика.

5. Реклами? Направете по некоја вежба

Искористете го времето додека има реклами и „фрлете се“ на правењето вежби. Неколку склекови, стомачни или растегнување на лигаментите, ќе ви бидат особено корисни и ефикасни за линијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП