17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНОВ УДАР ЗА АПЛИКАЦИЈАТА ТИКТОК! Се размислува за забрана и во ЕУ

НОВ УДАР ЗА АПЛИКАЦИЈАТА ТИКТОК! Се размислува за забрана и во ЕУ

Европската комисија беше првата голема институција која ја забрани употребата на TikTok на официјалните мобилни телефони.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен посочи дека се размислува за забрана на TikTok и во Европската унија, пишува Politico.eu.

„Тоа не е исклучено. Европската комисија беше првата голема институција што ја забрани употребата на TikTok на официјалните мобилни телефони. Свесни сме за опасноста што ја претставува оваа апликација“, рече фон дер Лајен за време на предизборната дебата во Мастрихт.

Фон дер Лајен тоа не го кажа во својство на шефица на ЕК, туку како кандидатка на Европската народна партија за претстојните избори за Европскиот парламент. Откако во САД сериозно почна да се дискутира за можноста за забрана на TikTok, па дури и се подготвува можна законска рамка за таа цел, оваа изјава на Фон дер Лајен претставува нов удар за апликацијата.

Еден од проблемите за TikTok во ЕУ е тоа што тие се обвинети дека не прават доволно за заштита на малолетниците. Вакви директни изјави за можна забрана не дадоа кандидатите на другите европски партии за позицијата прв човек на ЕК. Мари-Агнес Штрак-Зимерман (АЛДЕ) рече дека „треба да видиме што ќе се случи со TikTok2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП