Грчкиот премиер Андонис Самарас смета дека во текот на следните месеци ќе се знае дали по шест години рецесија, строги економски мерки и реформи, како и со невработеност од 27 отсто, Грција ќе успее да направи пресврт кон подобро, пишува грчкиот весник „Етнос“.
„Има доста позивитни индикации, кои укажуваат на раст. Во четвртиот квартал на 2013-та година првпат е регистриран раст, иако мал, а во 2014-та година се очекува тој раст да биде поголем“, рече Самарас.
Тој додаде дека позитивните успеси на туризмот минатата минатата година влеваат надеж дека оваа година ќе биде уште подобра, а според некои проценки и рекордна со над 17,8 милиони туристи.
Во врска со прашањето за евентуална нова европска помош за Грција, Самарас истакна дека земјата нема потреба од нови кредити.