Растот на БДП на Русија оваа година ќе биде 1,4 процент, се наведува во ажурираната прогноза на руското Министерство за економски развој.
На почетокот на 2013 година министерството прогнозираше економски раст од 3,6 проценти, но веќе во март прогнозата беше ревидирана на три проценти, пренесува „Итар тас“.
Во првата половина од 2013 година растот на руската економија беше се на се 1,7 проценти на годишно ниво.
Во август Министерството за економски развој повторно ја корегираше прогнозата за годишниот раст на 1,8 проценти, во ноември на 1,5 до 1,6 проценти, за во декември прогнозата за оваа година да падне на 1,4 проценти.