Диетата со крставици е идеална за сите оние кои ги мрзи премногу да размислуваат што ќе јадат додека се на диетa затоа што диетниот план е многу едноставен: постојат само неколку намирници кои се конзумираат, а самата диета се спроведува десет дена. Постои и продолжена варијанта од 14 дена каде се забележани навистина одлични резултати: губиток од 7 килограми – секако во зависниост од нивото на физичката активност.
Како практично изгледа краставица диетата ?
– 2 варени јајца или 150 гр туна исцедена од масло или 150 гр бело месо на скара.
– 2 поголеми варени компири (може да се варат, печат во рерна но да не се пржат во масло) или 3 парчиња интегрален леб.
– 500 грама свежо локално одгледувано овошје.
Од течности се пие обична вода, чај а дозволено е и кафето (без шеќер). Строго се забранети газираните пијалоци, алкохол и слатки.
Со секој оброк како и помеѓу оброците –може да се јадат неограничени количини салата од краставици (погледни го рецептот подоле) или да се пие шејк од краставица – значи кога ќе ве нападне гладта слободно навалете на салатата или шејкот (види го рецептот подоле на страната).
Пример за дневно мени:
Појадок: 2 тврдо варени јајца + чинија салата од краставици
Ужина: 5 сливи или едно поголемо јаболко или праска…или некое друго сезонско овошје со вкупна тежина до 200 гр
Ручек: Тостиран интегрален леб + чинија салата од краставица
Ужина: Шејк од краставица (види го рецептот на крајот од текстот)
Вечера: Овошје по избор (до 300 гр)
Не заборавајте: Ако сте гладни помеѓу оброците (па дури и помеѓу ужината и оброкот) може да конзумирате неограничени количини салата од краставици.
Како се подготвува салатата од краставици…
Салатата се подготвува брзо и многу е едноставна. Потребните намирници се:
– околу 400 гр краставици
– 2 дцл кисело млеко или јогурт (кој има домашен кефир може да го употреби)
– сол и доколку сакате младо лукче или кромидче
Начин на подготовка:
Излупете и исецкајте ги краставиците на сосема мали парчиња. Посолете ги, лесно промешајте за да правилно се распоредат и прелијте ги со кисело млеко, јогурт или кефир па повторно промешајте. По желба и вкус додајте ситно исецкан млад кромид или лук и …веднаш сервирајте.
Шејк од краставици
Во блендер ставете: една млада краставица (заедно со кората – секако добро измиена), една рака добро измиен спанаќ, едно кисело јаболко. По желба додадете малку изрендан свеж ѓумбир или ѓумбир во прав. Добро изблендирајте го, налите го во чаша и одозгора посипете со парченца ореви или бадеми. Полека пијте додека е свежо затоа што ако стои подолго – губи хранливи материи.
Овој напиток ќе го снабди вашето тело со изобилство на витамини и минерали, а посебно со витамин А и К. Напитокот е исто така богат со влакна, магнезиум, железо, витамини Ц, Е и Б како и калциум и калиум. Цел спектар на сето она што ни е потребно и сето тоа во една чаша.
Дополнителни напомени
Иако ова е многу едноставна диета, потребно е да обрнете внимание на квалитетот на намирниците – користете само свеж зеленчук и овошје од проверен снабдувач.
Умерената физичка активност е важна работа кај секоја диета па и кај оваа, па получасовното брзо пешачење (тоа е она пешачење кога почнувате да се потите) – значајно ќе помогне во губењето на вишокот килограми.