Русија продолжила да извезува нафтени деривати во Северна Кореја по кратката пауза поради епидемијата од коронавирус.
Тоа го објави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на рускиот амбасадор во Пјонгјанг, Александар Мацегора.
Русија месечно извезува помеѓу 2.000 и 3.000 тони нафтени деривати во Северна Кореја, изјави тој, пренесува Reuters.
Тоа е приближно на исто ниво како минатата година.