Австралиски политичар и главен државен финансиер, Џош Фрајднеберг е тестиран на коронавирус откако не можел да се воздржи од силното кашлање за време на неговиот говор во парламентот.
Тој информирал за економската состојба на државата, како и за проекциите за падот на австралискиот БДП за повеќе од 10 проценти до јуни. Додека зборубвал го фатила силна кашлица.
The optics are worse than I anticipated. pic.twitter.com/4t4XSOahpj https://t.co/PHhoBoGEao
— Eliza Barr (@ElizaJBarr) May 12, 2020
Се обидел да си дојде при себе пиејќи вода, но било неуспешно. Кашлицата продолжила да му пречи во говорот поради што на крајот се пошегувал на своја сметка и рекол дека тоа било „подолг говор“.
Набрзо по инцидентот, тој објавил соопштение во кое потврдил дека поради безбедност и претпазливост се тестирал за коронавирус и дека е сместен во самоизолација. Резултатите ќе бидат познати утре.