Кина ја разгледува можноста за воведување на увозна царина на луксузните европски автомобили, по поплаките на домашните производители дека европските компании добиваат стимулативни мерки кои им овозможуваат да ги продаваат своите производи во Кина за цени пониски од трошоците на производство, извести во петокот францускиот весник „Лес Ехос“.
Весникот, повикувајќи се на неименувани европски извори, наведува дека Пекинг ја истражува тужбата на кинеските производители на автомобили поради увезените луксузни европски автомобили.
Кина оваа недела покрена анти-дампинг истрага за увозот на европските вина, откако Европската унија воведе анти-дампинг царина на кинеските соларни панели.
Било каков потег поврзан за луксузните автомобили би можел да им наштети на германските компании „BMW“ и „Mercedes-Benz“, чии возила се многу популарни во Кина.
Кинеските власти не сакаа да ја потврдат оваа информација.