Шпанските синдикати објавија дека склучиле договор со владата за зголемување на платите на државните службеници. Тоа ќе биде прв пат од 2009-та година, бидејќи кризата предизвика наметнување на драконски мерки на строги ограничувања.
Договорот предвидува зголемување од 6,1 до 8,8 отсто за три години, според економскиот раст на земјата за овој период, се прецизира во соопштението објавено од синдикатот „Работнички комисии“, кој е еден од најголемите.
Платите на државните службеници беа замрзнати целосно од 2010-та до 2015-та година, а десетици илјади работни позиции во централната администрација, армија, правда, јавното здравство и други сектори беа затворени.
Шпанија, која е четврта економија во еврозоната, ја заврши 2017-та година со зголемување на бруто домашниот производ од 3,1 отсто и тоа беше третата година на економски раст, кој надминува 3 проценти.