Владата на вчерашната седница го официјализира основањето на Национална установа „Ансамбл на албански народни ора и песни во Република Македонија“.
Од Владата информираат дека одлуката за основање на ансамблот е заради негување на игроорната, вокалната и вокално-инструменталната фолклорна уметност на албанската заедница. Ансамблот ќе функционира како непрофитна установа од областа на културата.
Потребата од основање на оваа национална установа Владата ја донесе на седница во декември минатата година.