Најновото истражување објавено на порталот TotallyMoney се позанимава со прашањето која земја нуди најдобар баланс меѓу слободното и работното време, но и заработката и среќата.
Нивото на среќа е највисоко кај Данците кои дневно во просек на работа поминуваат 6,6 часа.
За Данска речиси секогаш се пишува во суперлативи. Очигледно дека тоа не е случајно, бидејќи земјата на северот од Европа речиси секој ја прогласува за иделано место за живот, па така сега е прогласена и за земја во која односот на работното и слободното време е најдобро во светот.
Швеѓаните кои се на второто место, исто така се прилично задоволни, а во просек неделно работат 3,5 часа повеќе од Данците, но годишно имаат и три празници повеќе.
Сепак, земјата во која работниците неделно најмалку време поминуваат на работа е Холандија. Таму работната недела трае само 30,3 часа, но Холанѓаните имаат само девет државни празници, што е вториот најмал број од сите земји вклучени во истражувањето.
Овде можете да ги погледнете комплетните резултати од истражувањето.