Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја укине лотаријата со која странците можат да добијат зелена карта за престој во САД.
„Денеска го почнувам процесот на укинување на програмата за лотарија. Ќе побарам од Конгресот веднаш да почне со работа тоа да се укине. Оваа програма беше добра, но не доволно добра, ние сме против неа. Сакаме програма базирана на бракови, за луѓето кои се во брак да можат да дојдат тука“, рече Трамп.
Објавувањето на ваквата одлука следува по откритието дека терористот одговорен за нападот во Менхетен во САД пристигнал преку лотаријата за добивање зелена карта.