Министерството за финансии на аукцијата одржана вчера издаде државни хартии од вредност во износ од 4.402,36 милиони денари (71,58 милион евра).
Станува збор за 12-месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 3.017,69 милиони денари со камата од 1,8 отсто, двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 317,00 милиони денари со камата од 2,10 отсто, тригодишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 537,00 милиони денари со камата од 2,35 отсто и 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула во износ од 530,67 милиони денари со камата од 3,80 отсто.
Денес Министерството за финансии по основ на претходно издадени државни хартии од вредност ќе отплати 4.113,44 милиони денари (66,88 милиони евра). Сите достасувања Министерството за финансии ги објавува во календарот на државни хартии од вредност.
Разликата од 288,92 милиони денари (4,69 милиони евра) ќе биде искористена за активности предвидени во буџетот на Македонија, соопштија од Министерството за финансии.