Вишните се летни плодови и тие се многу добри за вашето здравје. Ако сакате да јадете вишни, зошто не би сакале и да ги носите на себе…
Вишните во летото се хит, не само како овошје за јадење, туку и како дел од прекрасните и слатки аксесоари. И уште кога овие прекрасни вишни го носат потписот на „Louis Vuitton“, тие тогаш се карактеризираат како највредни и најлуксузни. „Louis Vuitton Cherie Cherry“ колекцијата на аксесоари се состои од ланче, привезок и обетки. Француската позната дизајнерска куќа ја креираше оваа креација со цел да ги намами заљубениците во модата да носат креации кои во текот на оваа сезона се вистински хит.
„Louis Vuitton Cherie Cherry“ ланчето е достапно за цена од 1890 американски долари, тоа совршено ќе го закити вашето деколте со прекрасните мотиви изработени во стилот на кубизмот, со влијание на арт-деко ерата.
Привезокот со ѓерданот од оваа колекција е достапен по цена од 995 долари.
Доколку ви се допаѓаат обетките, потребни ќе ви бидат 700 долари.
Целата колекција совршено се вклопува со модната облека која е дизајнирана за оваа сезона.