Европската комисија сака меѓународните кредитори на почетокот на идната недела да се договорат и на Грција да и ја исплатат следната транша од пакетот за спасување, кој е наменет за Атина, бидејќи секое одложување предизвикува дополнителна штета на грчката економија.
“Сметаме дека е време за следната транша, бидејќи поради неизвесноста која се оддолжи веќе почна негативно да влијае врз грчката економија, а за тоа нема објективни причини”, изјави заменик-претседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис во Брисел, пренесува АП.