Грчкиот парламент денеска би требало да ја одобри новата рунда мерки за штедење, што според очекувањата, ќе влијае на исплатата на новите транши помош за Атина и ублажувањето на нивниот долг.
Левичарскиот премиер Алексис Ципрас има тесно мнозинство во парламентот за усвојување на законот со кој се предвидени резови од 4,9 милијарди евра во периодот од 2018 до 2021 година. Ципрас го прифати усвојувањето на уште една рунда намалување на пензиите, како и пониски даночни олеснувања за да се одблокира исплатата на новата транша од кредитот.
Најмалку 18.000 демонстранти вчера протестираа на улиците на Атина и Солун против новите мерки за штедење, а за денеска е закажан нов протест во време кога парламентот ќе се изјаснува