Нов објект на Центарот за вработување во Дебар пушти во употреба во петок Директорот на Агенцијата за вработување во Република Македонија, Влатко Поповски.
Тој во петокот во Дебар ја најави најновата мерка за вработување на лица со посебни потреби од категоријата со оштетен вид и слух.
Поповски истакна дека новата мерка предвидува обуки на лица со оштетен вид, како и на лица со оштетен слух.
Според оваа мерка, лицата со оштетен вид ќе имаат можност да посетуваат четиримесечна обука за масери, ориентација во простор и описменување со Брајово писмо, рече Поповски.
Понатаму со новата мерка лицата со оштетен слух ќе се обучуваат за заварувачи и водоинсталатери. Со тоа ќе ги подобрат своите вештини и полесно ќе се вработат.
Градоначалникот на Дебар Ружди Лата истакна дека новите простории на оваа значајна институција ги исполнуваат сите параметри за работа. Тој ги поздрави сите мерки за вработување, како и најновата која беше објавена во Дебар.