Овој детокс напиток од спанаќ ќе го исчисти вашиот организам и ќе ви ја даде неопходната енергија.
Овој здрав, природен коктел би требало да го пиете наутро пред појадокот, за вашиот организам да може што подобро да го апсорбира.
Состојки:
– 1 лажица изрендан ѓумбир
– 1 чешне лук
– 1 лажица јаболков оцет
– 1 лажица мед
– шака нане и магдонос
– половина авокадо
– половина шоља вода
– 30 гр спанаќ
Подготовка: Добро измијте го зеленчукот, излупете го авокадото и исецкајте го на коцки. Прво измешајте ги сите состојки освен медот и ѓумбирот со блендер, па потоа додадете го медот и ѓумбирот и мешајте уште малку.