26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на софтверското решение за електронско издавање одобрение за градба

Презентација на софтверското решение за електронско издавање одобрение за градба

consultancy2

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски денеска ќе претставуват софтверското решение за електронско издавање одобренија за градба пред претставници на градежните компании, на општините и на јавните претпријатија, како и на државните органи вклучени во таа постапка.

Во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот во наредниот период ќе реализираат низа обуки за општинската администрација, со цел адекватна примена на овој софтвер.

Овие активности се реализираат со цел обезбедување целосна подготвеност на институциите, кои од 1 јуни годинава треба да започнат со примена на законската обврска, утврдена во Законот за градба, целокупната постапката за издавање одобрение за градење, за сите категории на градби, да се извршува по електронски пат.

ЗЕЛС во соработка со Министерството за транспорт и врски, веќе ја обезбеди потребната софтверска апликација, која е поврзана и со СМС систем, преку кој граѓанинот –инвеститор, кој поднел барање за градба, може да ја избере опцијата, и со СМС порака да биде информиран во која фаза од постапката се наоѓа неговиот предмет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП