Официјален Токио и Брисел се во завршна фаза од преговорите за склучување на договор за слободна трговија до крајот на годината, јавува агенцијата Ројтерс.
„Премиерот изјави дека сака да постигне договор со Европската унија во оваа година“, изјави еден од високите јапонски претставници.
Договорот за слободна трговија меѓу Јапонија и ЕУ стана уште поважен откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вети дека ќе се повлече од договорот за Транспацифично партнерство (ТПП), кој го потпишаа 12 држави, меѓу кои и Јапонија.