Индустриското производство во Кина го забрзува растот во ноември, упатувајќи сигнал за подобра стабилност во втората по големина светска економија, пишува „MarketWatch“.
Индустриското производство со додадена вредност, што е груба мерка за економскиот раст, се проширува со 6,2% на годишна основа, откако во октомври забележа зголемување од 6,1 отсто, покажуваат податоците на Националната статистичка служба на земјата. Просечната прогноза на економистите анкетирани од „Wall Street Journal“, беше за зголемување од 6%.
На месечна основа индустриското производство се проширува со 0,51%, откако претходниот месец забележа раст од 0,5%.
Инвестициите во фиксни средства во руралниот дел се зголемуваат за 8,3% на годишна основа за периодот јануари-ноември. Стапката на пораст е ист како во јануари-октомври и ги оправдува очекувањата на анкетираните економисти. Инвестициите во фиксни средства се следат внимателно и се показател и за градежната активност.
Продажбата на мало се зголемува со 10,8% на годишна основа во ноември и бележи забрзување по 10-процентно зголемување во октомври. Вредноста е повисока од очекувањата за зголемување од 10,3 отсто.