Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во август 2016 година е за 0.5 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на август 2015 година е зголемен за 5.5 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во август 2016, во однос на јули 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се дека ќе се зголеми, а залихите на готовите производи сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во август 2016 година е поповолна во споредба со претходниот месец, а многу поповолна во однос на август 2015 година. Оценката за бројот на вработени е дека ќе се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во август 2016 година изнесува 65.1% од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24.1%, недоволната домашна побарувачка со 17.2% и недостигот на квалификувана работна сила со 14.3%.