Меѓународните финансиски пазари се многу загрижени и се сомневаат дека со Европската унија повеќе не може да се управува, откако Британците на референдумот гласаа за излегување од овој блок, изјави денес германската канцеларка Ангела Меркел.
Меркел во обраќањето пред членовите на одборот на својата конзервативна партија изјави дека е неопходно да се спречи останатите земји да тргнат по паттот за излез од Унијата, на кој се најде Британија, ијавија двајца учесници во разговорот.
Германската канцеларка додаде дека сега не е вистинско време да се брза со продлабочувањето на соработката меѓу членките на еврозоната.
ЕУ, наместо тоа, треба да поведе сметка за примедбата од јавноста, како заштита на границите, отворање на работни места и подобрување на внатрешната безбедност, нагласи Меркел.