Во социјалната мрежа „Twitter“ се појавија фотографии од новиот таблет на „Samsung“, кој беше одобрен од страна на кинеските регулатори во изминатиот месец и се очекува наскоро да биде официјално претставен.
Според експертите, станува збор за моделот „Galaxy Tab S3“. Тој се очекува да се претстави во две варијанти – со 9.7 и 8-инчен дисплеј, како и последниот оперативен систем „Android 6.0 Marshmallow“.
Во однос на останатите технички карактеристики, уредот најверојатно ќе се одликува со 3 GB RAM меморија, 32 GB внатрешна, како и 8-мегапикселна задна камера. Предната камера ќе е 2-мегапикселна.
Процесорот на таблетот ќе биде „Snapdragon 652“, а резолуцијата на дисплејот е 2048 x 1536 пиксели. Батеријата за варијантата со осуминчен дисплеј се очекува да има капацитет од 4.000 mAh. Се уште не е јасно со каква батерија ќе се напојува уредот со поголем екран.