Најмалку 28 германски банки последните години ги користеле услугите на панамската адвокатска канцеларија „Mossack Fonseca“ за отворање за сметка на нивните богати клиенти компании во даночните оази за да го избегнат плаќањето даноци, објави весникот Süddeutsche Zeitung, кој и ја откри аферата Panama Papers по добивањето на документи од вработен во канцеларијата, која ја сподели со меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.
Најмалку 14 од споменатите 28 германски банки се вмешани директно во глобалниот скандал, преку основањето, со цел да се прикријат трагите на парите, повеќе од 1.200 фиктивни офшор компании, пишува споменатиот германски дневен весник од вторникот,
Во тоа предничела „Deutsche bank“, којашто основала околу 400 такви фиктивни офшор компании, пишува весникот.
Мартин Јагер, портпарол на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, изјави дека се надева оти поради аферата ќе се зголеми притисокот врз оние кои се занимаваат со финансиски криминал.
„Ова може да претставува момент за поттикнување на таквите криминални дејства да се воведат рестрикции, но таквата практика не може одеднаш да се прекине со волшебно стапче“, изјави Јагер./