Според податоците на Светска банка, учеството на БРИКС во глобалниот БДП, според паритетот на куповната моќ, достигна рекордни 35,7 отсто, додека учеството на економиите на Г7 е намалено на 29 отсто.
Уделот на земјите од БРИКС во светската економија се зголеми за 0,6 отсто во 2023 година. Од основањето на здружението во 2006 година, неговото учество во економијата е зголемено за 10,2 процентни поени.
Од друга страна, уделот на Г7 на крајот на минатата година изнесуваше 29 отсто, што е најниска вредност во претходните 30 години.
Г7 изгуби 0,4 процентни поени во минатата година, а од 2006 година нејзиниот удел е намален за 9,7 процентни поени.
Другите земји, според резултатите за минатата година, учествуваат со 35,3 отсто од глобалното производство, додека нивниот удел, во најголем дел, е стабилен од 1990 година.
БРИКС обединува десет земји – Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Групата од седум ја сочинуваат: САД, Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија, Канада и Италија, пренесува „Срна“.