Сместена на западниот дел на Девствените острови, на карпа со драматичен поглед, вилата Calestial е нешто навистина посебно…
Овој прекрасен имот гледа кон една од најубавите плажи во ова место, нудејќи прекрасен поглед на морето и простор од 3,10 хектари. Со пет спални соби и пет бањи, како и во целост опремена кујна, оваа фантастична вила е вистински рај. Верандата која се протега над целата нејзина ширина на гостите им посакува добредојде во главниот дел од куќата, кој содржи гламурозна дневна соба, модерна кујна и прекрасна трпезарија.
Пространиот дневен и трпезариски простор е повеќе од идеален за организирање на собири или забави, а на гостите им дава можност да уживаат во префинетите погледи и елегантниот ентериер на вилата. Целиот имот е дизајниран со особено големо внимание кое им било посветено на деталите, со уникатна морски инспирирана тема, која и сопствениците и гостите ќе ги доведе во состојба на беспрекорен мир.
По заоѓањето на сонцето, уживањето покрај палмите и другите тропски елементи, секако е најдобриот начин за поминување на мирна вечер. Нормално, тука е и прекрасниот базен, кој ќе ве изненади со својот бајковит изглед.