Концерт на групата Дуо Скупи ќе се оддржи во среда, во 20 часот, во КИЦ, Салон 19/19 Скопје.
Дуо Скупи ќе настапи со преработки на стари македонски и албански песни и ора преработени од самиот виолинист Ермаљ Мехмети во модерен звук.
Инаку Дуо Скупи се етаблиран дует во државата и пошироко, а познати се со нивната оригинална и впечатлива програма со којашто често настапуваат низ Македонија и низ светот.
Во Дуо Скупи членуваат доц.д-р Јета Старова Мехмети и д-р Ермаљ Мехмети.