8 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРепризно „Лебедово езеро“ балет во продукција на Булфрогс

Репризно „Лебедово езеро“ балет во продукција на Булфрогс

leb ezero 33

По големиот успех на премиерната изведба, на 7-ми декември со почеток во 19 часот на сцената на Македонскиот народен театар Булфрогс балетското училиште репризно ќе го изведе балетот „Лебедово Езеро“.

Музика од Петар И. Чајковски, во кореографија на Александра Никифоровски, а во изведба на учениците од Булфрогс Балет, на возраст од 4 до 18 години.

Главните улоги ги играат учениците на Булфрогс Балет како и гости Македонската опера и балет и националните балетски куќи од регионот.

„Лебедово езеро“ е љубовна приказна низ која се проткајува темата за борбата помеѓу доброто и злото. Поаѓајќи од оваа приказна, кореографката Никифоровски внесува нови елементи кои го отсликуваат современиот начин на живеење.

„Лебедово Езеро“ е седмата продукција на Булфоргс од основањето на училиштето, а премиерно беше одиграна на 19-ти јуни 2015-та година, на сцената на Македонскиот народен театар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП