15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Ацо Јанкулоски во Прилеп

Изложба на Ацо Јанкулоски во Прилеп

cane44

Денес, од 19.30 часот во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе биде отворена изложба на слики од уметникот Александар Јанкулоски – Цане. На изложбата ќе бидат изложени 26 дела.

Александар Јанкулоски – Цане е роден во Прилеп 1936 година. По завршувањето на основното образование во Прилеп, натаму своето школување го продолжил во железничкото училише, за потоа да се префрли во Училиштето за применета уметност на одделот за декоративно вајарство со специјална обработка на мермер во Скопје.

Подоцна го завршува и ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУМ.

Во 1961 година Јанкулоски ја имал првата самостојна изложба во Скопје. Тој е основоположник на македонската современа ликовна ументост. Тој ги отфрлил дотогаш познатите правци во вековната светска ликовна ументост, со тоа што слика (изработува слики) со несликарски материјали- пепел, песок, струготини, горени дрва, бронза… Тој е првиот уметник кој во Македонија го промовира апстрактното сликарство и енформелот.
Јанкулоски подеднакво твори во сликарството, вајараството, графиката. Работел ѕидно односно монументално сликарство и подеднакво штафеларно/минијатурно сликарство каде целосно го насликал Струмичкиот тетаар со непрекината работа од 2-3 години. Познати негови монументални дела се мозаикот во Катланово, во хотел Панорама и други објекти.

Исто така  Јанкулоски во своето творештво работел бисти, портрети, споменици, фонтани а негово најпознато дело е „Некропола“, во Свети Николе. Имал повеќе самостојни изложби во земјата и во странство – Романија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Белгија, Франција, Италија,Турција…..

Негови дела има насекдае, односно во речиси сите континенти.

Јанкулоски е учесник и основоположник на неколку колонии и нивни уметнички раководител, како во земјата така и во странство.

Александар Јанкулоски Цане за своето творештво е добитник на бројни награди и признанија, меѓу кои Нерешки мајстори, Лазар Личеновски, на Светско биенале на цртежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП