20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на фотографии на Миличевиќ

Изложба на фотографии на Миличевиќ

milicevic

Во организација на Фото сојуз на Македонија и Кинотека на Македонија, во петок, во 20h, во изложбениот простор на Кинотека на Македонија, ќе се одржи изложба на фотографии на српскиот фотограф Милорад Милиќевиќ.

На изложбата, насловена „Светло со светлина“, Миличевиќ ќе се претстави со 30 фотографии  изработени во црно-бела техника.

„Неоспорен е фактот дека фотографијата, како и секоја визуелна уметност, почива на една од најважните физички дадености, светлината. Меѓутоа, единствено во фотографијата светлината има двојна улога. Таа е и предмет на обликување и средство со кое се обликува; значи фотографијата ја слика светлината и слика со светлината, таа ги овековечува трагите на светлината врз предметите и со таа светлина од објектите го скаменува своето траење на рамна хартија облагородена со амалгами“, вели пистелот Драган Радовиќ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП